а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

понуди

понудат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Предложи некому работа, услуга, спогодба, цена, стока; даде можност за избор, за согласност.
Англиски: offer Албански: ofron
Примери:
Се жалеше дека местото што му е понудено не му одговара.
Тие станаа и ни понудија столови.
Пред неколку потези младиот противник му понуди реми.
Пазарџијата понуди добра цена.
2. (се понуди) Предложи некому свои услуги, изрази подготвеност за соработка.
Англиски: propose Албански: propozoj
Примери:
Тој се понуди да го одведе до соседното село.
Момчето веднаш се понуди да помогне.
Изведенки
1. понудува несв.
(се) понудуваат
2. понудување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи