а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

понуда

мн. понуди
Вид збор: Именка, женски род
1. Изјава со која се изразува подготвеност за соработка, за помош, желба за брак и сл.
Англиски: offer Албански: ofertë
Примери:
Тој ја прифати понудата на луѓето да го сместат во некоја куќа.
Иако не беше јал, тој ја одби неговата понуда, со изговор дека не е гладен.
2. Количина на стока што се нуди на пазарот.
Англиски: supply Албански: furnizim
Употреба: Економија
Примери:
Понуда и побарувачка.
3. Наддавање во цената, лицитација.
Англиски: bidding Албански: ankand
Употреба: Економија
Примери:
На лицитацијата немаше големи понуди.
4. Документ во кој се изнесени условите за прифаќање на работа добиена по пат на лицитација.
Англиски: tender Албански: tender, ofertë
Примери:
По прибирањето на понудите се одбра најповолната.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи