а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поникне

поникнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Никне, изникне насекаде (трева, растенија).
Англиски: grow rampant
Примери:
Бујна, зелена трева беше поникнала.
Фатија пролетни дождови и компирите поникнаа.
2. се појави, создаде
Англиски: grow
Примери:
Треба да се разгледуваат и прашања поникнати од самата практика.
Рацин како поет поникна од еден мошне плоден македонски јазичен регион.
3. Спушти, наведне глава; ведне очи, поглед.
Примери:
Не можам да погледнам во неа, да не поникнам.
Изведенки
1. поникнува несв.
поникнуваат
2. поникнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи