а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

понатокми

понатокмат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Натокми, потсуреди, дотера малку, донекаде.
Англиски: tidy up Албански: rregulloj, ndreq
Примери:
Пред да пристигнат гостите, таа ја понатокми собата.
2. Натокми, обезбеди средства во доволна мера.
Албански: siguroj, furnizoj
Примери:
Откако ги понатокмија парите, тргнаа на пат.
3. (се понатокми) Се натокми, се дотера малку, донекаде.
Албански: rregullohem, ujdisem
4. (се понатокми) Се намири, се раздолжи со некого.
Англиски: settle Албански: shlyej, paguaj
Изведенки
понатокмува несв.
(се) понатокмуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи