а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

понатаму

Вид збор: Прилог
1. Компаратив од натаму со просторно значење - во определен правец, понапред, подалеку.
Англиски: further Албански: më tej
Примери:
Малку понатаму здогледа силна тврдина.
Кога виде дека продолжи понатаму, знаеше дека нема да може да го стигне.
2. Компаратив од натаму со временско значење - подоцна, во иднина.
Англиски: later Албански: më vonë
Примери:
Сојузот е со намера оваа соработка да продолжи и понатаму.
3. веќе, повеќе
Англиски: more Албански: më shumë
Примери:
Јас вака понатаму не можам.
И како да е сѐ в ред - ништо понатаму не испитуваа.
4. уште
Англиски: still Албански: ende
Примери:
Нема смисла понатаму да го чекаме.
Лежејќи и понатаму, скинав гранче и го оголив.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи