а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

помрачи

помрачат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи да биде мрачен.
Англиски: darken Албански: errësoj
Примери:
Пепелот од вулканот го помрачи сонцето.
Тогаш облаците го помрачиле небото.
2. Одземе или намали важност, углед, слава и сл.
Англиски: diminish Албански: zvogëloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Неуспехот на филмот ја помрачи славата на популарната актерка.
3. Намали или помати радост, среќа, задоволство и сл.
Албански: zvogëloj
Примери:
Тој настан им ја помрачи радоста на сите.
4. (се помрачи) Стане мрачен, нејасен, темен.
Англиски: obscure Албански: errësoj
5. (се помрачи) Изгуби способност за здраво расудување.
Англиски: go insane Албански: humbë aftësinë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Свеста ѝ се помрачи и никогаш повеќе не се поврати.
По тие настани умот му се помрачи.
Изведенки
помрачува несв.
(се) помрачуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи