а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

помисли

помислат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Се задржи со мислите на нешто; падне на ум некаква мисла, сеќавање.
Англиски: consider Албански: mendoj, konsideroj
Примери:
Тој помисли да се врати назад во своето родно место.
Таа помисли на мајка си, што прави сега сама дома.
2. Се погрижи за нешто.
Англиски: consider Албански: mendoj
Примери:
Треба да помислите и на учењето.
Помисли малку - што ќе биде утре?
3. Мисли извесно време.
Англиски: think Албански: mendoj, kujtoj
Примери:
Тој помисли, помисли, па одговори на прашањето.
4. (се помисли) Помине малку време во мислење.
Англиски: think Албански: mendoj, kujtoj
Примери:
Таа се помисли добро дали да ја прифати неговата понуда.
Обвинетиот се помисли малку и ја призна грешката.
Еве, помисли се за момент, прашањето не е ни малку едноставно.
Изведенки
1. помислува несв.
(се) помислуваат
2. помислување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи