а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полни

полнат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. Прави да биде полно, става, тура колку што може да собере.
Англиски: fill Албански: mbush
Примери:
Келнерот ги полни чашите со вино.
Базенот го полнат уште од вчера.
Тој го полнеше ранецот со храна.
2. Става муниција во оружје.
Англиски: charge Албански: mbush
Употреба: Воен термин
Примери:
Војниците ги полнеа пушките.
Тој го полнеше пиштолот.
3. Навршува определен број години.
Англиски: complete Албански: mbush, bën
Примери:
Мајка ми полни 80 години.
4. Прави да биде обземен, исполнет со некакво чувство.
Англиски: fill Албански: mbush, rrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Чекањето ме полни со лутина.
Твојата насмевка ми го полни срцето со радост.
5. (се полни) Станува полно.
Англиски: fill Албански: mbushet
Примери:
Џебовите му се полнеа со пари.
Подрумот се полни со вода секогаш кога ќе заврне.
Куќата почна да се полни со чад.
Градите ми се полнеа со чист воздух.
Очите ѝ се полнеа со солзи.
Изведенки
полнење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи