а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

политичар

мн. политичари
Вид збор: Именка, машки род
1. Лице што се занимава со политика практично и теоретски.
Англиски: politician Албански: politikan
Употреба: Политика
Примери:
локален политичар
парламентарен политичар
професионален политичар
2. Снаодлив, вешт, човек што знае да ги оствари своите желби со смислено однесување.
Англиски: politician Албански: politikan
Употреба: Иронично , Преносно значење
Примери:
Како добар политичар тој вешто ги избегнува одговорите.
Треба да се биде добар политичар за да се добијат средства за работа.
Изведенки
1. политичарка ж.
мн. политичарки
2. политичарски прид.
политичарскиот
Пример: политичарски авторитет
FlexiMac
 менување на македонски глаголи