а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

политика

мн. политики
Вид збор: Именка, женски род
1. Дејност што се однесува на управување на државата во областа на државните работи во земјата и во областа на меѓународните односи.
Англиски: politics Албански: politikë
Употреба: Политика
Примери:
Во тие земји се води јавна политика на демократско усогласување.
2. Дејност на државните институции плански посочена кон унапредување на управувањето и на водењето на јавните работи во државата.
Англиски: politics Албански: politikë
Примери:
стопанска политика, трговска политика, финансиска политика
образовна политика, културна политика
3. Општествена дејност на партии, организации, граѓански здруженија, групи и на поединци насочена кон остварување на програмски определени задачи и цели.
Англиски: politics Албански: politikë
Употреба: Економија
4. Метод на работа (на организација или на поединец) заради постигање определена цел.
Англиски: politics Албански: politikë
Примери:
уредувачка политика
јазична политика
5. Вештина на однесување со луѓето и снаоѓање во животот.
Англиски: politics Албански: politikë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој си ја има својата перфидна политика.
Жените се една длабока политика што ти не ја разбираш.
Изрази
Води (тера) своја политика - дејствува плански, со манипулација да постигне некоја цел.
Му прави политика - лажно му се додворува, му угодува некому.
Бистри политика - бесцелно зборува, наметнувајќи сопствени ставови, денгуби.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи