а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полип

мн. полипи
Вид збор: Именка, машки род
1. Морско животно со многу краци.
Англиски: polyp Албански: polip
Употреба: Зоологија
Примери:
Во септември во морето има многу полипи.
2. (само мн.) Животни што живеат на едно место во вид на колонија.
Англиски: polyp Албански: polip
Употреба: Зоологија
Примери:
На карпите во плитките солени води има многу полипи во различни форми.
3. Вид израсток на човечкото тело, обично на слузокожата, површински како брадавица и сл.
Англиски: polypus Албански: polip
Употреба: Медицина
FlexiMac
 менување на македонски глаголи