а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

ползи

ползат
Вид збор: Глагол, несвршен
1. (за животно влечуга) лази, се влече
Англиски: creep Албански: zvarritet
Примери:
Змијата ползи по земјата.
Полжавите ползеа по тревата.
2. (за човек, дете) лази, се влече
Англиски: crawl Албански: zvarritet
Примери:
Детето ползи по креветот.
Сега на старост ползи како дете.
3. Се обвива, виејќи се околу нешто друго, за растение (ползавец).
Англиски: creep Албански: zvarritet
Примери:
Бршленот ползи по предниот ѕид на куќата.
Во градината имаше цветни, мирисливи растенија што ползат.
4. Се движи полека, настапува, напредува полека.
Англиски: creep Албански: zvarritet
Примери:
Огнот ползеше по покривите.
Маглата ползеше по стрништето.
5. Се потчинува пред некого.
Англиски: crawl Албански: zvarritet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Сите ползат пред царот.
Таа ползеше пред него, а тој не ја погледнуваше.
6. Прави нешто многу полека.
Англиски: creep Албански: zvarritet
Употреба: Преносно значење
Примери:
Камионите едвај ползеа по стрмниот пат.
Изведенки
ползење ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи