а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поле

мн. полиња
Вид збор: Именка, среден род
1. Пространа широка рамнина, низински терен, земјишна обработлива површина.
Англиски: field Албански: fushë
Употреба: Географија
Примери:
Долу се ширеше полето.
Нашата куќа гледа кон полето.
2. Во составот на топонимите.
Англиски: field Албански: Fushë
Примери:
Овчо Поле.
Косово Поле.
3. Обработлива, засеана земја надвор од населено место.
Англиски: field Албански: fushë, arë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Со комбајни го жнеат родот од полето.
Полето роди добар род годинава.
4. Дел од обработлива, засеана земја.
Англиски: field Албански: fushë
Употреба: Земјоделство
Примери:
Плодородот се дели на повеќе полиња и во секое поле се планира определена култура.
5. Во спортот - простор каде што се одвиваат спортски активности, спортски терен.
Англиски: field Албански: fushë
Употреба: Спорт
Примери:
Фудбалско поле.
Ракометно поле.
Одбојкарско поле.
Во полето се сите играчи од двете екипи.
6. Во шахот - црно и бело поле.
Англиски: field Албански: fusha
Употреба: Спорт
Примери:
Шаховски полиња.
Шаховската табла има 64 полиња.
7. Простор каде што се одвиваат воени активности.
Англиски: field Албански: fusha
Употреба: Воен термин
Примери:
минско поле
бојно поле
Борбено поле.
8. Што се однесува на вид, до каде што може да се гледа.
Англиски: field Албански: fushë
Примери:
Одеднаш му се намали видното поле.
Видното поле се намалуваше со првите знаци на ноќта.
9. Простор каде што дејствува некоја сила.
Англиски: field Албански: fushë
Употреба: Физика
Примери:
гравитационо поле
електрично поле
магнетно поле
10. Наоѓалиште, место со рудно и друг вид природно богатство.
Англиски: field Албански: vend, fushë
Примери:
нафтоносно поле
рудни полиња
11. Основа, подлога од боја врз која се пишува, се црта и сл.
Англиски: area Албански: zonë
Примери:
На белото поле наслика жена со дете.
На синото поле доцртуваше различни фигури.
12. Дел од табела со графички, статистички прикажани пресметувања или издвоен дел од пишан текст.
Англиски: field Албански: fushë
Употреба: Информатика , Математика
Примери:
Во првото поле да се внесе лозинката.
Во првите три полиња дадени се резултатите од најмладата популација, во последното поле ги имаме збирните резултати од анкетата.
13. Област, сфера, на некоја дејност во културата или во некоја наука.
Англиски: area Албански: fushë, sferë
Употреба: Преносно значење
Примери:
Доби награда на полето на литературата.
На полето на јазикот и на културата постигнавме многу.
Тој се истакна на полето на науката.
Широко културно поле за работа.
општествено поле
идеолошко поле
Изведенки
поленце ср.
мн. поленциња
дем.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи