а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

полази

полазат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Лази малку, кратко време.
Англиски: crawl Албански: zvarritem pak
Примери:
Детето полази малку по подот.
2. Се подвижи, помине бавно некое растојание.
Англиски: creep Албански: zvarrit, lëvizë ngadal
Примери:
Волкот полази по шините.
3. Лази, помине лазејќи преку нешто.
Англиски: creep Албански: zvarritem
Примери:
Него го полазиле некои мравки.
Лебот го полазија мравки.
4. Предизвика треперење на телото.
Англиски: creep Албански: kaploj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ме полазија морници.
Студенило ме полази.
Изрази
Вошка го полазила - неочекувано дојде до пари, до богатство.
Изведенки
1. полазува несв.
полазуваат
2. полазување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи