а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покритие

мн. покритија
Вид збор: Именка, среден род
1. Во банкарството - располагање со вредносни средства со кои се покрива долгот или некоја друга финансиска обврска.
Англиски: coverage Албански: mbulesë
Употреба: Економија
Примери:
Чекови без покритие.
Сметка со покритие.
2. Доказ, алиби, непобитен факт.
Англиски: proof Албански: dëshmi, alibi
Примери:
Тие имаа покритие дека за време на настанот цел ден биле дома.
Таа има рационално пкритие и алиби.
3. Оправдување, причина, изговор, логично објаснување на сопствените постапки.
Англиски: excuse Албански: arsyetim, justifikim
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој нема покритие за својата грубост.
Таа секогаш наоѓа покритие за сопствените глупости.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи