а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покој

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
1. спокој, спокојство, мир
Англиски: tranquillity Албански: prehje, qetësi
Примери:
Во ноќниот покој се слушаа славејчиња.
Темната глувотија не му даваше покој.
2. одмор
Англиски: relaxation Албански: relaksim
Примери:
Нема покој додека трае оваа работа.
Најде убава ливада за пладневен покој.
3. Вечен мир (за мртвите).
Англиски: peace Албански: paqë, prehje
Примери:
Вечен покој.
Раздаваше за покој на душите на починатите.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи