а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

покоси

покосат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Изврши косење.
Англиски: mow Албански: kosit
Примери:
Тој ги покоси тукушто потераните млади стебленца.
2. Коси малку, кратко време.
Англиски: mow Албански: kosit pak
Примери:
Покоси малку, се измори и седна.
3. Пресече со поглед, остро погледна.
Албански: shikoj mrolshëm
Употреба: Преносно значење
Примери:
Професорот ги покоси со само еден поглед.
Таа го покоси со очите и тој ја наведна главата.
4. Уништи, истреби; изумре од болест, епидемија и сл.
Англиски: mow down Албански: çfaros, kosit, zhduk
Примери:
Чумата покоси неколку села.
Гранатите ги покосија куќите во овој дел од градот.
Изведенки
1. покосува несв.
покосуваат
2. покосување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи