а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поколение

мн. поколенија
Вид збор: Именка, среден род
1. Генерација, потомство, луѓе речиси на иста возраст со слични сфаќања и што живеат во еден временски период.
Англиски: generation Албански: brez, gjenerat
Примери:
Традицијата се пренесува од поколение на поколение.
Секое човечко поколение има своја илузија.
2. Во семејните, фамилијарните односи, потомството во однос на заедничкиот предок.
Англиски: descendant Албански: brez, pasardhës
Примери:
Неколку поколенија живееле во оваа куќа.
Се радуваше на своето младо поколение.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи