а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поклопи

поклопат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Покрие со поклопка, со капак.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Таа го поклопи тенџерето со храна.
Ги поклопи садовите за храна.
2. Прекрие цела површина за нешто.
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Пирејот поклопи цела една страна.
Темна магла го поклопи полето.
Неговата голема рака ја поклопи нејзината.
3. Зафати, опфаќа и стави во споредна позиција.
Албански: za vend
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа со својата иронија го поклопи момчето.
Неговата дрскост ги поклопи сите.
4. (се поклопи) Се одвива нешто во исто време или нешто се појавува истовремено.
Англиски: overlap Албански: çpaloj
Примери:
Неколку настани се поклопија.
Овој празник се поклопи со моето заминување.
Мислењата им се поклопија за ова прашање.
5. (се поклопи) се покрие, се прекрие
Англиски: cover Албански: mbuloj
Примери:
Се поклопи со еден бел чаршаф.
Изведенки
1. поклопува несв.
(се) поклопуваат
2. поклопување несв.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи