а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поклекне

поклекнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Клекне малку.
Англиски: kneel
Примери:
Тој поклекна за да ја допре земјата.
2. Попушти, ослаби физички, здравствено.
Англиски: give in
Употреба: Преносно значење
Примери:
Со годините веќе поклекнал.
Стариот ѝ поклекна на болеста.
3. Се помири со нешто, престане да се противи се повлече.
Англиски: give in
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа поклекна пред притисокот на јавноста.
Тој поклекна пред нивните постојани забелешки.
4. За предмет (градба) - попушти, почне да се распаѓа.
Англиски: yield
Употреба: Преносно значење
Примери:
Куќата поклекна и беше на распаѓање.
Мостот е поклекнат и готов да падне.
Изведенки
1. поклекнува несв.
поклекнуваат
2. поклекнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи