а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

показ

мн. покази
Вид збор: Именка, машки род
1. пример, покажување, демонстрација
Англиски: example Албански: shembull
Примери:
Ова беше добар показ за нашата подготвеност.
Тие служеа за показ како треба да се брани татковината.
Нивниот животен пат е показ за постојано страдање.
2. Јавно покажување.
Англиски: presentation Албански: prezantohem
Примери:
Тој им ги изложи доказните материјали на показ.
Таа го изнесе на показ сето она што го знаеше.
3. Знак што навестува, најавува.
Англиски: indication Албански: shenjë
Примери:
Облачното време беше показ дека ќе врне.
Лошите соништа се показ дека нешто страшно ќе се случи.
Изрази
Тоа е на показ - изложено да се види.
Тоа е на показ - се покажува, се најавува.
На показ се нови таленти.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи