а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поим

мн. поими
Вид збор: Именка, машки род
1. Севкупност на општи карактеристики и својства на предмети или појави изразени како единка.
Англиски: notion Албански: term, nocion
Употреба: Филозофија
Примери:
Близок Исток е поим кој често се користи од археолозите, географите и историчарите.
Религија, контроверзен поим што некогаш се користи како синоним за вера.
2. Општа информираност, знаење за нешто.
Англиски: idea Албански: ide
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие немаат поим за тешкотиите со кои се среќаваме.
3. сфаќање, претстава
Англиски: concept Албански: koncept, pikëpamje
Употреба: Преносно значење
Примери:
Таа имаше сосема друг поим за бракот.
Изрази
Нема поим - не знае ништо.
Изведенки
поимски прид.
поимскиот
Што се однесува на поим.
Пример: поимска одредница
FlexiMac
 менување на македонски глаголи