а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

позаздрави

позаздрават
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стане поздрав, поцврст, поврати здравје.
Англиски: heal Албански: shërohem, përforcohem
Примери:
За неколку дена децата позаздравија, им се вратија насмевките.
2. За рана - заздрави, зарасне малку повеќе.
Англиски: heal Албански: shërohet, mbyllet
Примери:
По неколку седмици раните ми позаздравија.
3. Закрепне, зацврсти, подобри некаква состојба.
Англиски: strengthen Албански: shërohem, forcohem
Примери:
Нашата финансиска состојба позаздрави.
Тој знаеше дека дождовите ќе ги позаздрават посевите.
4. Заздрави нешто малку подобро.
Англиски: improve Албански: përmirësoj
Примери:
Тие ја освежија и ја позаздравија фасадата на зградата.
Изведенки
позаздравува несв.
позаздравуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи