а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

позадржи

позадржат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Задржи, подржи нешто малку, кратко време.
Англиски: hold Албански: mbaj
Примери:
Позадржи го малку и ти детево.
Таа го позадржа за да не падне.
2. Задржи, спречи некого да замине во определено време; направи да остане подолго од предвиденото време.
Англиски: hold off Албански: mbaj, ndaloj
Примери:
Ако одиме кај нив вечерва, тие ќе нѐ позадржат до утрото.
3. (се позадржи) Се задржи за нешто.
Англиски: hold Албански: mbahem
Примери:
Тој се позадржа за столбот за да не падне.
4. (се позадржи) Се задржи, остане негде подолго од предвиденото време.
Англиски: hold off Албански: vonohem, qëndroj
Примери:
Јас се позадржав по излозите, цел ден ми мина во шетање.
Изведенки
позадржува несв.
(се) позадржуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи