а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

позавлезе

позавлезат; позавлези, позавлезете; позавлегов, позавлегоа; позавлегол, позавлегле; (ќе) позавлезев, (ќе) позавлезеа; (ќе) позавлезел; позавлезен
Вид збор: Глагол, свршен
Завлезе малку повеќе.
Англиски: enter
Примери:
Водата позавлезе во подрумот.
Кога ќе позавлезат во пештерата, ќе ги сетат сите убавини што ги има таму.
Таа позавлезе во реката, но брзината ја носеше удолу.
Изведенки
1. позавлезува несв.
позавлезуваат
2. позавлегува несв.
позавлегуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК