а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

под

Вид збор: Префикс
1. Во образувањето глаголи означува глаголско дејство извршено под нешто, одоздола, на долната страна.
Примери:
подметне, поткове, поткопа
потпали, потпише
2. Глаголско дејство извршено во мала мера, донекаде.
Примери:
подлавне, подроси, поткара
потпушти, потстане, поттргне
3. Глаголско, прикриено слабо изразено дејство.
Примери:
подлаже, подмигне, подрече
поткаже, поткупи, потплати
4. Глаголско, целосно извршено дејство.
Примери:
подготви, подмачка, поткине
5. Одбие или направи да добие некој или нешто особина, својство на именката или на придавката од основата на глаголот.
Примери:
подмлади, поткисели, потсоли, поткваси
6. Во образувањето придавки и именки означува лице од понизок ранг, пониско звање од означеното со основниот збор.
Англиски: vice
Примери:
подофицер, потпретседател, потсекретар
7. Кај придавки и именки дел, раздел во некоја целост, тоа што е на пониско ниво во претставата на некоја поделба, класификација.
Примери:
поднаслов, потпрашање, подгрупа
8. Кај придавки и именки дел, слој, простор, предмет што се наоѓа под означеното со основната именка.
Англиски: under
Примери:
подбрадок, потколеница, подочници, поднебје
подножје, потпокрив, подморница
9. Кај придавки и именки тоа што се наоѓа под означеното со основната именка.
Англиски: sub
Примери:
подводен, подземен, поткожен
Изведенки
пот преф.
(пред безвучна согласка)
FlexiMac
 менување на македонски глаголи