а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

под

Вид збор: Предлог
1. Место од долната страна на нешто каде се одвива дејството.
Англиски: below
Примери:
Седиме во дворот под оревот.
Под стреата на новата куќа.
2. Место на долната, пониска страна од нешто, во подножјето на планински предел и сл.
Англиски: below
Примери:
Се криеше во трнарот под ридот.
Се пробива патот до неколку села под Јабланица.
Војниците се групираа под селото.
3. Подолу, пониско од определена граница, мерка и сл.
Англиски: below
Примери:
Температурата се спушти под нулата.
Ќе се вакцинираат сите деца под седумгодишна возраст.
4. Начин, белег, карактер на вршењето на дејството.
Англиски: under
Примери:
Кошаркарите играа под своите можности.
Цело село знае дека е под казна.
Објавува колумни под псевдонимот Итар Пејо.
Го напушти состанокот под изговор дека не се чувствува добро.
5. Состојба, околности при кои се врши дејството.
Англиски: under
Примери:
Под стари години се расправа по судови за имотот.
Цели пет часа беше под анестезија.
Под пеколни горештини го пробива патот покрај реката.
6. Причина за вршење на некое дејство.
Англиски: under
Примери:
Министерот си поднесе оставка под притисок на јавноста.
Под дејство на алкохолот тетерави по патот.
7. Потчинетост, зависност на дејството или состојбата од некого или од нешто.
Англиски: under
Примери:
Ќе биде под моја команда.
Победата е извојувана под раководство на големиот стратег на герилското војување.
8. опфатеност, соодветност, еднаквост
Англиски: under
Примери:
Под инфлација се подразбира покачување на цените.
Изрази
Под око (гледа) - тајно набљудува, без да биде забележан.
Под секоја критика - без никаква вредност, многу лош.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи