а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подјаде

подјадат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Нагризне одоздола малку, во некоја мера.
Албански: han, grryen
Примери:
Глувци ги подјале вреќите со брашно.
Црв го подјал коренот на цвеќето.
2. поткопа, подрие
Англиски: undermine Албански: grryej
Примери:
Реката го подјала брегот кај стариот мост.
3. За здравје - наруши, расипе малку, донекаде.
Англиски: undermine Албански: prish, dëmtoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тешкиот селски живот му го подјаде здравјето на стариот.
Работата во рудникот им го подјаде здравјето на рударите.
4. Начне целина, потроши дел од нешто што требало да се зачува.
Албански: han, harxhon
Употреба: Преносно значење
Примери:
Нашите комшии го подјадоа брашното што го чуваа за зимоска уште есента.
Тој ги подјаде парите што ги чуваше за нова куќа, за да го прехрани семејството.
Изведенки
1. подјадува несв.
подјадуваат
2. подјадување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи