а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подрие

подријат
Вид збор: Глагол, свршен
1. поткопа
Англиски: undermine Албански: gërryej
Примери:
Реката веќе го подрила брегот.
Надојдената вода го подрила темелот на куќата.
2. Поткопа, нанесе штета, направи да ослаби нешто.
Англиски: undermine Албански: dëmtoj
Примери:
Лошите примери го подриваат моралот на младите.
Го подрива авторитетот на министерката.
Тоа го подри целиот општествено-економски и политички систем.
Изведенки
1. подрива несв.
подриваат
2. подривање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи