а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поднабере

поднаберат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Набере мало количество овошје, плодови, цвеќе и сл.
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Поднабравме малку сливи, колку да се залажат децата.
2. Направи набори, фалти малку, или уште малку.
Англиски: wrinkle Албански: rudhë
Примери:
Ракавот ќе го поднабереш уште малку.
3. (се поднабере) Се набере малку, донекаде.
Англиски: gather Албански: mbledh
Примери:
Се поднабравме едвај два-тројца.
Изведенки
1. поднабира несв.
(се) поднабираат
2. (се) поднаберува несв.
(се) поднаберуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи