а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подмлади

подмладат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи некој или нешто да добие помлад изглед.
Англиски: rejuvenate Албански: përtërij
Примери:
Спортот ме подмлади.
Многу си подмладена!
2. Обнови со нови, млади сили.
Англиски: rejuvenate Албански: përtërij
Примери:
Тренерот ја подмлади екипата со двајца нови играчи.
Директорот ја подмлади работната организација со десетина млади работници.
3. (се подмлади) Добие помлад, посвеж изглед.
Англиски: rejuvenate Албански: përtërij
Примери:
Со новата фризура таа се подмлади за десет години.
Изведенки
1. подмладува несв.
подмладуваат
2. подмладување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи