а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подметне

подметнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави, кладе нешто под нешто.
Англиски: set Албански: vendos
Примери:
Болничарката подметна перница под главата на пациентот.
2. Предизвика дејство, најчесто со негативни последици.
Англиски: set Албански: vendos
Примери:
Подметнале бомба во седиштето на организацијата.
Некој подметнал пожар во зградата.
3. Намести некому нешто со цел да биде обвинет.
Англиски: set up Албански: ngrit
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тие му подметнале на благајникот дека крадел пари од касата на претпријатието.
Комшиите и ја подметнале украдената кошула на старицата и полицијата ја уапси.
Изведенки
1. подметнува несв.
подметнуваат
2. подметнување ср.
мн. подметнувања
Пример: Тој се служи со разни подметнувања за да дојде до целта.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи