а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подлути

подлутат
Вид збор: Глагол, свршен
1. За рана - влоши состојба, раздразни рана, болно место.
Англиски: worsen Албански: përkeqsohet
Примери:
Таа маст само ја подлути раната.
2. (се подлути) За рана - се влоши, се раздразни.
Англиски: worsen Албански: përkeqsohet
Примери:
Раната му се подлути од таа маст.
3. (се подлути) Се налути малку, во некоја мера.
Англиски: anger Албански: zemëroj
Примери:
Тој се подлути кога разбра за ќерка си, ама брзо му помина кога размисли подобро.
Изведенки
1. подлутува несв.
(се) подлутуваат
2. подлутување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи