а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подисправи

подисправат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Исправи малку, донекаде, да стои, да биде право.
Англиски: straighten out Албански: drejtoj pak
Примери:
Ја подисправи главата и го погледна во лице.
2. Исправи донекаде нешто што било криво.
Англиски: straighten Албански: drejtoj, ndreq
Примери:
Мајсторот го подисправи тркалото толку колку што можеше.
3. Поправи, коригира нешто, малку, колку што е можно.
Англиски: correct Албански: korigjoj, rregulloj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Едвај ја подисправивме работата, толку што беше замрсена.
Го подисправи малку текстот и го предаде кај професорот.
4. (се подисправи) Се исправи малку, донекаде.
Англиски: straighten out Албански: drejtoj
Примери:
Јавачот се подисправи во седлото и така со крената глава дојава до портата.
Стариот се обиде да се подисправи.
Изведенки
подисправува несв.
(се) подисправуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи