а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзатресе

подзатресат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Затресе, протресе малку, донекаде.
Англиски: shake
Примери:
Го подзатресе ќебето набрзина и го остави на сонце да се ветрее.
2. Добие треска, тресе малку, во извесна мера.
Англиски: shiver
Употреба: Безлично
Примери:
Ме подзатресе и мене, ама бргу ми помина.
3. (се подзатресе) Се затресе малку, донекаде.
Англиски: shake, tremble
Примери:
Гранката се подзатресе од ветрот, та паднаа неколку презреани кајсии.
4. (се подзатресе) Поведе грижа за нешто или за некого.
Англиски: shake, worry
Употреба: Преносно значење
Примери:
И тој најпосле се подзатресе за децата.
Изведенки
подзатресува несв.
(се) подзатресуваат
повт.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи