а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзапре

подзапрат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Запре движење на некого или нешто за кратко време за пак да продолжи.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Полицаецот ја подзапре колоната колку да помине амбулантната кола.
Тој ги подзапре жените што носеа вода за да се напие од нивните бардачиња.
Тој ја подзапре водата да не тече напразно.
2. Запре малку, за момент.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Тракторот за миг подзапре.
Магарињата натоварени со дрва на мостот подзапреа.
Момчето подзапре кај пчеларникот да се одмори.
3. (се подзапре) Се запре за малку, за кратко време.
Англиски: stop Албански: ndal
Примери:
Таа за миг се подзапре пре продавницата за чевли.
Изрази
Подзапри си го јазикот - предупредување, немој да зборуваш тоа што не треба.
Изведенки
1. подзапира несв.
(се) подзапираат
2. подзапирање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи