а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзамолчи

подзамолчат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Замолчи малку, застане малку во кажувањето, во плачењето и сл.
Англиски: stop Албански: heshtë
Примери:
Подзамолчи малку, пак продолжи да зборува.
2. Замолчи некого да не зборува, да плаче за кратко време.
Англиски: silence Албански: heshtë
Примери:
Едвај го подзамолчивме да не кажува повеќе.
3. (се подзамолчи) Се замолчи за кратко време.
Англиски: stop Албански: heshtë
Примери:
Се подзамолчив на час, се подзамислив малку, па продолжив со раскажувањето.
Изведенки
подазмолчува несв.
(се) подзамолчуваат
FlexiMac
 менување на македонски глаголи