а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подзагрее

подзагрејат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Загрее малку донекаде.
Англиски: warm up Албански: nxeh pak
Примери:
Подзагреј ја водата, сакам да се бањам.
2. Заинтересира некого за нешто, донекаде, во извесна мера.
Англиски: intrigue Албански: intrigoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Тој го подзагреја брата си да отворат фарма.
3. (се подзагрее) Се загрее малку донекаде.
Англиски: warm up Албански: nxehet
Примери:
Водата се подзагреа, оди направи го кафето.
Собата се подзагреа кога го запаливме ќумбето.
4. (се подзагрее) Се воодушеви од нешто, се заинтересира за нешто малку, донекаде.
Англиски: warm up Албански: nxehem
Употреба: Преносно значење
Примери:
Се подзагреале од идејата и ги започнале подготовките за пат.
Изведенки
1. подзагрева несв.
(се) подзагреваат
2. подзагревање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи