а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подврзе

подврзат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Врзе, со врвца стегне, затвори нешто да не се растури, да не може да излезе содржината.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Работниците ги подврзаа вреќите и ги наредија крај ѕидот.
2. За папочна врвца - заврзе.
Англиски: tie Албански: lidh
Употреба: Медицина
Примери:
Бабицата му го пресече папочето и го подврза.
3. За конец - врзе на крајот.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Девојчето го вдена конецот, го подврза и почна да везе.
4. За книга - направи корици на книга.
Англиски: bind Албански: shtërngoj
Примери:
Трите тома од записите ги подврзавме со кожа.
5. Обврзе со нешто, задолжи.
Англиски: bind Албански: lidh
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Таа го подврзала уште мал, го ветила во богата куќа.
Сите ве подврзал, земате пари на заем од него, затоа го браните.
6. (се подврзе) Се врзе на несоодветно место.
Англиски: tie Албански: lidh
Примери:
Конецот се подврза и се скина.
7. (се подврзе) Се врзе со договор, со збор.
Англиски: obligate Албански: detyroj
Употреба: Преносно значење , Разговорно
Примери:
Се подврзал со договор за имотот.
Изведенки
1. подврзува несв.
(се) подврзуваат
2. подврзување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи