а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подводен

подводни
Вид збор: Придавка
1. Што се наоѓа под нивото на водата.
Англиски: underwater Албански: nënujor
Примери:
подводен гребен
подводни пештери
2. Што е за дејство под нивото на водата.
Англиски: submarine Албански: nënujor
Примери:
подводна мина
подводна пушка
3. Што се врши под вода.
Англиски: underwater Албански: nën ujë
Примери:
Подводното снимање се одвиваше тешко.
4. Што расте, што живее под вода.
Англиски: underwater Албански: në ujë
Примери:
подводен свет
подводни треви
5. Место што е водоврично.
Англиски: wet Албански: i lagur
Примери:
подводен крај
FlexiMac
 менување на македонски глаголи