а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подвлече

подвлечат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Стави под нешто со влечење.
Англиски: pull Албански: tërheq
Примери:
Таа го подвлече килимот под ногарките на креветот.
2. Стави линија под нешто напишано.
Англиски: underline Албански: nënvizoj
Примери:
Учениците ги подвлекоа сите глаголи во сегашно време во зададениот текст.
Учителката ги подвлече со црвен молив грешките што учениците ги направиле во пислената работа.
3. истакне, нагласи
Англиски: emphasize Албански: theksoj
Примери:
Говорникот ја подвлече уште еднаш основната поента во своето излагање.
Таа подвлече дека не сака ништо да измени во својот живот.
Изведенки
1. подвлечува несв.
подвлечуваат
2. подвлечување ср.
глаг. им.
3. подвлекува несв.
подвлекуваат
4. подвлекување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи