а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подбутне

подбутнат; подбутни, подбутнете, подбутнав, подбутнаа, подбутнал, (ќе) подбутнев, (ќе) подбутнеа, (ќе) подбутнел, подбутнат
Вид збор: Глагол, свршен
Ранг: 38070
1. Турне, оттурне нешто малку, слабо.
Англиски: push
Примери:
Подбутни го креветот уште малку накај ѕидот.
Ги подбутна дрвата во огнот подобро да горат.
2. Помогне некому во работа, во напредување.
Англиски: push
Употреба: Преносно значење
Примери:
Да го подбутнеме малку на почетокот, потоа сам ќе тера.
3. Отфрли, престане да води сметка за некого.
Англиски: displace
Употреба: Преносно значење
Примери:
Го подбутнаа човекот сам да живее на село.
4. (се подбутне) Се турка заемно по малку, во одредена мера.
Англиски: push
Примери:
Девојките се подбутнаа една со друга, се погледнаа и се закикотија.
Изведенки
1. подбутнува несв.
(се) подбутнуваат
2. подбутнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи
ДИГИТАЛНИ РЕСУРСИ НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК