а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

подаде

подадат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Даде од рака в рака некому нешто.
Англиски: pass Албански: jep
Примери:
Подај ми го чадорот.
Да ви ја подадам стомната, вода да не ви притреба.
2. Послужи со нешто.
Англиски: serve Албански: servon, shërben
Примери:
Откако го подаде кафето, домаќинката седна со гостите.
3. Во фудбалот - со удар или на друг начин префрли топка до свој соиграч.
Англиски: pass Албански: pasoj
Употреба: Спорт
Примери:
Тој е мојот омилен играч затоа што знае да подаде топка.
4. Покаже, издаде надвор или испружи напред дел од телото.
Англиски: stretch Албански: zgjas, shtri
Примери:
Ја подаде главата од прозорецот.
Докторот му рече да го подаде јазикот.
Ја подаде раката да се фати за оградата.
Еленчето ја подаде муцката кон децата.
5. Поднесе, предаде документ (пријава, молба) до надлежен орган.
Англиски: submit Албански: jap, dorëzoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Подаде барање за социјална помош.
6. (се подаде) се испружи
Англиски: stretch Албански: u shtri
Примери:
Низ прозорецот се подаде русокосо момче.
Најголемото од децата се подаде напред.
7. (се подаде) Стапи во сексуален однос (за женско лице).
Англиски: give in Албански: u dha, u dorëzua
Изрази
Подаде рака - спружи рака за поздрав.
Подаде рака - помогне, даде помош некому.
Подаде рака - честита некому со ракување.
Подаде рака - спружи рака за просење.
Изведенки
1. подава несв.
(се) подаваат
2. подавање ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи