а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

погуби

погубат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Лиши од живот некого.
Англиски: kill Албански: vras
Примери:
Го ограбиле и го погубиле.
Заробените ги погубиле предзори.
2. Изврши смртна казна со примена на судска пресуда според закон.
Англиски: execute Албански: ekzekutim
Употреба: Правда
Примери:
Карпош бил погубен на Камениот мост.
3. Доведе до пропаст, до уништување.
Англиски: destroy Албански: shkatërroj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Вас неработењето ќе ве погуби.
По неа младоста си ја погубил.
4. (се погуби) се уништи, се упропасти, пропадне
Англиски: kill Албански: mbytem
Примери:
Кутриот, се погубил од работа.
Се погуби трчајќи по пари.
Изведенки
1. погубува несв.
(се) погубуваат
2. погубување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи