а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

погреши

погрешат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Направи грешка.
Англиски: err Албански: gaboj
Примери:
Погрешивме што ги оставивме сами децата дома.
Сум погрешила во сметката.
2. Направи некому неправда.
Англиски: do wrong Албански: gaboj, bëj keq
Примери:
Кажи да не сум ти погрешил.
3. (се погреши) Остане со трајна неспособност, со последица од прележана болест, од добиена повреда и сл.
Англиски: damage Албански: dëmtoj
Примери:
По несреќата, се погреши човекот и не го бидува за работа.
Ако крева тешко, ќе се погреши жената.
Изведенки
1. погрешува несв.
(се) погрешуваат
2. погрешување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи