а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

погон

мн. погони
Вид збор: Именка, машки род
1. Сила што движи нешто.
Англиски: drive Албански: forcë lëvizëse
Употреба: Технологија
Примери:
електричен погон
реактивен погон
2. извор на сила
Англиски: fuel Албански: burim force
Употреба: Технологија
Примери:
Како погон се користи сончевата енергија.
И ветрот може да биде погон.
3. Дел од фабрика, од производствено претпријатие што се занимава со некој вид од процесот на производството.
Англиски: plant Албански: uzinë
Употреба: Економија
Примери:
Отвориле нов погон во фабриката.
Го префрлија во погонот за ракотворби.
4. движење, работа, употреба
Англиски: operation Албански: lëvizje, punë
Примери:
Стави во погон.
Пушти во погон.
Исклучи од погон.
Испадне од погон.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи