а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поглед

мн. погледи
Вид збор: Именка, машки род
1. Насоченост на очите кон некого, на нешто.
Англиски: look Албански: shikim, vështrim
Примери:
Го следи со поглед.
Впери поглед.
Крене поглед.
Задржи поглед.
2. Израз на очите како одраз на душевната состојба.
Англиски: look Албански: vështrim
Примери:
испитувачки поглед
бистар поглед
празен поглед
срамежлив поглед
зол поглед
страшен поглед
тажен поглед
3. Тоа што се открива пред очите на некое место.
Англиски: view Албански: pamje
Примери:
Прозорец со поглед на морето.
Соба со поглед на езерото.
Прекрасен поглед на сите страни.
4. Гледиште, вид, страна на гледање, на оцена.
Англиски: aspect Албански: pikëpamje, aspekt
Примери:
Во секој поглед.
Во морален поглед.
Во поглед на квалитетот.
5. Начин на сфаќање, на уверување.
Англиски: viewpoint Албански: botëkuptim, pikëpamje, opinion, mendim
Примери:
современ поглед
научен поглед
конзервативни погледи
Изрази
Сврти (привлече) поглед - предизвика внимание, интерес.
На прв поглед - површно, бегло, без задлабочување во суштината.
Голтне со поглед - покаже големо љубопитство.
Мери (измери) со поглед - добро изгледа, оцени некого со поглед.
Поглед на светот (животот) - филозофско, животно уверување.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи