а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

погледне

погледнат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Насочи за миг поглед кон некого, кон нешто.
Англиски: look at Албански: shikoj
Примери:
Го погледна право в лице.
Како ќе погледнам во некого, така овој ќе ја наведне главата.
Погледна во облаците и подзамижа.
2. Се погрижи за некого, обрне, посвети внимание.
Англиски: care Албански: shikoj, kujdesem
Примери:
Остана сам, никој немаше да го погледне.
3. Разгледа, испита, земе под внимание.
Англиски: consider Албански: konsideroj, shikoj
Употреба: Преносно значење
Примери:
Ако погледнеме подобро, ќе дојдеме до подруг заклучок.
Погледнете од која сакате страна, состојбата не е добра.
Погледни да не има некоја грешка.
4. (се погледне) Насочи поглед кон себе.
Англиски: look Албански: shikoj
Примери:
Се погледна и се позачисти малку.
5. (се погледне) Насочи за миг поглед еден во друг.
Албански: shikoj
Примери:
Селаните збунето се погледнаа.
Изрази
Погледне (некому) низ прсти - не покаже строгост, попушти.
Погледне под око - погледне прикриено, потајно, без да се забележи.
Погледне напреку (накриво) - со нетрпеливост, непријателски.
Изведенки
1. погледнува несв.
(се) погледнуваат
2. погледнување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи