а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

поган

поганиот
Вид збор: Придавка
1. злобен, накосен, одвратен
Англиски: disgusting
Примери:
Го познаваа како многу поган човек.
Погана душа.
2. Многу лош.
Англиски: evil
Примери:
Погано куче.
Погано време.
Погана зима.
3. нечист
Англиски: dirty
Примери:
Се прашуваше каков ќе го најде, чист или поган.
Не фаќај ништо со тие погани раце.
Изрази
Поган јазик / погана уста - непристоен, вулгарен; зајадлив, злобен, пакосен.
Изведенки
погано прил.
Пример: Погано лути. Погано зборува.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи