а   б   в   г   д   ѓ   е   ж   з   ѕ   и   ј   к   л   љ   м   н   њ   о   п   р   с   т   ќ   у   ф   х   ц   ч   џ   ш

повреди

повредат
Вид збор: Глагол, свршен
1. Нанесе некому телесна повреда.
Англиски: injure Албански: lëndim
Употреба: Медицина
Примери:
Замавнал со рака и му го повредил окото.
2. Нанесе некому душевна болка (со збор, постапка).
Англиски: offend Албански: ofendoj
Примери:
Внимаваше да не ги повреди со подигнат глас или со претеран гест.
3. Наруши ред, прекрши закон и сл.
Англиски: violate Албански: shkel ligjin
Употреба: Правда
4. (се повреди) Си нанесе телесна повреда.
Англиски: injure Албански: lëndoj
Употреба: Медицина
Примери:
Се повредил на работа.
Изведенки
1. повредува несв.
(се) повредуваат
2. повредување ср.
глаг. им.
FlexiMac
 менување на македонски глаголи